Страшна несреќа: Тинејџери покосени на пешачки завршија на Ургентен

Двајца тинејџери се повредени вечерва околу 22:30 часот на пешачки премин во Ниш, кога во нив удрило возило фиат стило со крагуевски регистарски таблички.

Очевидците велат дека се слушнал страшен тресок, и дека едно од момчињата летало десетина метри, пред да падне на тротоарот.

- Момчето не се помрднуваше, мислам дека беше во безсознание. Другото исто така лежеше на земја, но велеше дека е добро, изјави жена која се затекнала на местото на несреќата за српски Курир.

Повредените момчиња се згрижени со две екипи на Брзата помош, а во тек е полициски увид.

Тинејџерите се префрлени во Ургентниот центар во Ниш. 

 

 
 
25.11.2016 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега