ВНИМАВАЈТЕ: Нова смртоноста дрога на пазарот - мала количина може да биде фатална

Во Љубљана на нарко пазарот се појави нова опасна синтетичка дрога која може да биде опасна по животот на зависникот и во многу мали количини. Станува збор за дрогата 4-флуоро бутирфентанил.

Тоа е синтетички опиоид, дериват фентанил, а предизвикува чешање, сериозна респираторна депресија - плитко дишење, што за оној кој ја конзумира дрогата може да биде опасна во живот и во многу мали количини, предупреди Националниот институт за јавно здравје.

За оваа дрога се користат и називите 4Ф-БФМ 4-ФБФ И п-ФБФ, а ја има во облик на прашок, таблети и спреј за нос.

 
 
25.11.2016 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега