Приказната за "Битангата и принцезата": Теодора убиена по грешка, кое е нејзиното момче?

Теодора Качански, 30-годишната девојка од Нови Сад која викендов беше изрешетана пред зграда, дел од медиумите во Србија напишаа дека утрово подлегнала на повредите, но српскиот Ало дознава дека сеуште се бори за живот.

Младата русокоса убавица, била изрешетана со пет куршуми кога излегувала од возилото на своето момче, 38-годишниот Ненад Стевиќ. Според досегашната истрага, ова било предупредување за момчето кое и е познато од претходно на полицијата како жестоко момче кое прави проблеми. 

Не се исклучува можноста напаѓачите да го чекале токму него и по грешка да ја изрешетаат Теодора која во тој момент го паркирала неговиот џип.

Тој зад себе има повеќе од 10 кривични и дебело полициско досие. 

Инаку, Теодора потекнува од скромно семејство, и секогаш била култрна, добра и омилена во друштвото. Сепак, се заљубила во лошо момче, па доживеа трагично филмско сценарио во реалниот живот. 

Извор вели дека Ненад кон Теодора бил исклучително внимателен, џентлмен и многу ја сакал.

Со оглед на тоа дека живееле во сопствен стан, а тој не работи, изворот додава дека е јасно со што се занимавал и дека младата Теодора е изрешетана по грешка.

 
 
22.11.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега