Економска преродба на Македонија: Гостивар со рекорден пораст на вработеноста

Десет години на економски прогрес, десет години на економска стабилност, Македонија во изминативе десет години доживеа период на економска преродба, која резултираше со пад на невработеноста и зголемување на стапката на вработеност.

Од рекордна стапка на невработеност од 38,1% во 2005 година, период во кој власта ја имаше СДСМ, до најниска стапка во историјата на независна Македонија од 24%, која дојде како резултат на успешните макро и микроекономски политики кои ги водеше Владата на Р.Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во континуитет од 2006 до денес.

Трендот на намалување на невработеноста е забележителен во сите делови од Р.Македонија, па така и во северозападниот дел од државата.

Тетово еден од поголемите индустриски гиганти во државата за време на СФРЈ, по критичните за економијата години на транзиција и стапка на невработеност од 14 003 лица, падна на 10 513 невработени лица во 2016. Општините во соседството на Тетово како Јегуниовце кое во 2005 година бележеше 1 281 невработено лице, за во 2016 да ја сведе бројката на 895 невработени лица.

Теарце исто така населено место во полошкиот регион кое бележеше 3 136 невработени лица во 2005 година, во 2016 година бележи пад на невработеноста, при што се регистрирани 2 200 невработени лица.

Општина Гостивар не остана заобиколена од трендот на пад на невработеноста и зголемување на бројот на вработени, па така доколку во 2005 година во Гостивар имало 7 402 вработени лица, сега таа бројка изнесува 13 029, тоа е пораст од високи 76,02%.

Врапчиште и Брвеница кои во 2005 година бележат 2 800 и 1 665 регистрирани невработени лица, во 2016 имаат пад на невработеноста, при што вкупно регистрирано невработени имаат 1 203 и  1 134 наизменично.

Тенденцијата на пад на невработеноста ќе продолжи и во иднина со ефективните економски мерки на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Позитивната бизнис клима ја препознаа и светски реномираните финансиски институции, па така Македонија според извештајот „Доунг бизнис“ на Светска банка е рангирана на 10 место за водење бизнис во светот, а на 5 место во Европа, пласирана пред  многу земји членки на ЕУ и развиени земји од западната хемисфера, тоа се должи на ефективните економски политики и намалените давачки за отворање и водење бизнис.

 
 
21.11.2016 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега