Антикорупциската комисија ќе го разгледува случајот со набавката на гас

Антикорупциската комисија ќе го разгледува случајот со набавката на гас за потребите на општина Струмица. Како што информираат од Комисијата за Сител, ќе се проверува дали постои судир на интереси поради тоа што градоначалникот Зоран Заев, набавувал гас од својот сопартиец, претседател на комисијата за енергетика на СДСМ.

Сител вчера објави дека фирмата Си Ен Џи Системс, во која управител е Митко Андреевски, Претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, во два тендери во 2003 и 2016 година од општина Струмица инкасирала 2,5 милиони евра.

Фирмата на Анреевски во 2016 склучила договор за набавка на гас во  износ од 36 милиони денари или околу 600.000 евра.
Како што објави Сител, Заев набавил гас од Андреевски по цена од 24,4 денари за метар кубен, во време кога државната ЕЛЕМ, гасот го набавува по цена од 12,8 денари по кубик.

 
 
18.11.2016 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега