Започна откупот на тутунот - се очекува повисока цена од лани

Откупот на тутунот почна добро, проблеми не се очекуваат, а извесно е дека производителите ќе постигнат повисока цена од ланската зашто родот е квалитетен.

Според Трипуновски, од 176 откупни пунктови, отворени се 63 на три фирми кои обезбедија бонитет.

-Тутун откупуваат „Алијанса“ од Кавадарци, „Сокотаб“ од Битола и „Кавекс Балкан“. Имаме најави дека и други компании веќе ги обезбедуваат средствата за откуп и деновиве ќе почнат со преземање. Останатите во наредниот период откако ќе ги исполнат услоите, ќе го почнат откупот на тутунот. Законски, стартот на откупот е до 15 декември. Реколтата е квалитетна, а ние треба да ганрантираме дека односот меѓу откупувачите и тутунарите ќе биде во најдобар ред, рече Трипуновски.

Производителите се задоволни од почетокот на откупот и, како што рекоа, очекуваат повисоки цени.

-Задоволни сме со почетокот на откупот на тутунот и, бидејќи родот е квалитетен, очекуваме да се постигне повисока просечна откупна цена од ланската од 182 денара за килограм. Ги потсетувам тутунарите во меѓувреме да си го подмират долгот кон водостопанство за навреме да добиваат субвенции, а на откупувачите им укажуваме дека будно ќе ја следиме проценката на родот на вагите, истакна претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.

Според Земјоделскиот инспекторат, годинава тутун ќе откупуваат 10 фирми од вкупно 28.853 производители.

 

 
 
18.11.2016 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега