Сообраќајка на патот Скопје-Градско - едно лице почина, три се повредени

Денеска околу 7 часот наутро на автопатот Скопје-Градско на излез од Велес, се случила страотна сообраќајна несреќа, дознава Пресс 24.

Автомобил марка Поло со скопски регистарски таблички управуван од страна на 27-годишниот Игор Т. излетало од патот при што за жал на местото на несреќата починала неговата мајка, 51-годишната Виолета Т.

Возачот, неговата баба Благица Т. и сестра Дијана Т. се здобиле со повреди поради што биле веднаш пренесени во Медицинскиот Центар во Велес.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

најчитано сега