Потрошувачката кошница во септември 32.000 денари

Потрошувачката кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство.

Најмногу од парите или 13.345 денари се за храна и пијалоци по што следуваат средствата што се трошат за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување, односно за оваа намера отпаѓаат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари. Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се одвојуваат 1.070 денари, а за одржување на здравјето 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 проценти во однос на август, а во споредба со септемрви минатата година е повисока за 0,09 проценти. 

Минималната  синдикална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, во себе  ги вклучува  неизбежните и неопходни групи на производи и услуги што му се потребни на едно четиричлено семејство. 

 
 
07.11.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега