Детали за избоденото момче на среде училишен час - крв насекаде, децата вриштеле од гледката

Само скокнал и го нападнал својот другар кој паднал, се држел за градите и вратот. Многу крварел – вака за српски „Блиц“ децата од техничкото училиште во Нови Пазар го прераскажуваат ужасниот инцидент кој се случил вчера на часот по музичко во ова училиште која 15 годишникот А.Е. избодел својот другар од одделението Ц.А.

Како што пренесуваат српските медиуми повреденото момче и Е.А. се дружеле и не е познато како дошло до расправијата. Времето на одмор го поминувале заедно па на никој не му е јасно зошто дошло до нападот на часот.

- Се се случило во неколку секунди и професорот не успеал да реагира. Е.А. скокнал и го нападнал својот другар кој паднал, и се држел за вратот и градите. Многу крвалел, настанал хаос во училницата, некои дека вриштеле и плачеле, неколку ученици истрчале од училницата. Порфесорот по музичко му пришол на повредениот ученик и се обидел да му помогне а дошле и дежурните професори. Ц.А. лежел целиот во крв- изјавил еден од учениците.

Веднаш е повикано школското обезбедување кое набрзо реагирало и од ученикот го одзел ножот и за кратко време дошла и полицијата.

Ученикот е пренесен во просторија за испитување и повикани биле стручни лица за да извршат разговор со него

Инцидентот како што се пренесува се случил откако Ц.А. удрил шамар на А.Е. (15), а тој поради тоа се изнервирал и три пати  со нож го забодел школскиот другар во вратот и грбот.

Повредениот ученик веднаш е префрлен во новопазарската болница каде е итно опериран и каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Докторот наведел дека пациентот е примен како итен случај, во шок, со повреди кои се опасни по живот.

 

 

 
 
05.11.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа