СИТЕЛ: Економијата годинава ќе порасне за 2,3%

Економијата годинава ќе порасне за 2,3 проценти, што е помеѓу основното и алтернативното сценарио предизвикано од политичката криза.

Народната банка во редовната ревизија на макроекономските проекции констатира дека неповолната политичка ситуација, но и влијанијата од брегзит се одразиле и на капиталните и на инвестициите на приватниот сектор.

Наспроти тоа извозот и личната потрошувачка бележат зголемување.

Монетарната власт очекува закрепнување на економијата по изборите и раст на брутодомашниот производ од 3,5% догодина и 3,7% во 2018-та.

Богов рече и дека македонскиот банкарски сектор во април го имал и успешно го поминал и својот вистински стрес тест со шпекулациите кои предизвикаа голема побарувачка на девизи.

Натамошниот економски раст ќе го поттикне кредитирањето кои од годинешната 5,6% во следните две години ќе остварат стапка на раст од 7,5%.

 
 
03.11.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега