ВИДЕО: За 10 години ќе се возиме во летечки таксија?

Американската компанија Убер, по пат на Андроид апликација нуди услуги за превоз, изнесе план за развој на летечки такси превоз.

Тоа како што велат од компанија, би довело до револуција во патување кон работа или дома, затоа возењето во автомобил од 2 часа и 12 минути би било заменето со само 15 минути возење во воздух, пренесува Дејли мејл.

Изводливоста на ваков вид на превоз, Убер ја процени во студија на 98 страни, повикувајќи бизнисмени и иноватори да ја прифата идејата.

„Мрежа на мали електрични авиони кои ќе полетуваат и слетуваат вертикално ќе овозможи брз, сигурен превоз меѓу предградијата и градовите, па и во самите градови“, се вели во студијата.

Првото такво возило би требало да биде спремно до 2021 година, а во 2026 да се најде во употреба, се наведува во планот на Убер.

Дали светот би можел да изгледа вака за 10 години?

 

 
 
28.10.2016 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега