ВИДЕО: Конечно ќе можете а ги контролирате вашите соништа, а се што ви е потребно е оваа работа

 

Уредот со назив АјБенд+ потсетува на лента за коса, а неговата функција е на луѓето да им овозможи да ги контролираат сопствените соништа.

Се работи за гаџет кој ќе креира таканаречени луцидни сонови, сонови во кои сме свесни дека сонуваме но не се будиме.

АјБанд+ детектира кога корисникот е во РЕМ фаза на сонот како би почнал со звучна и светлосна стимулација со помош на мали ЛЕД сијалички кои се наоѓаат над очите. На овој начин личноста која го носи АјБанд+ ќе почне да сонува луцидни соништа.

За време на РЕМ фазата од сонот, мускулите на нашите раце и нозе се привремено „парализирани“, па научниците сметаат дека тоа е причината што не можеме самите да управуваме со сопствените соништа.

Меѓутоа, луѓето на овој начин ќе можат да сонуваат што сакаат, но и во соништата да прават што и да посакаат.

 

 

 
 
27.10.2016 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега