Несреќа: Сакал да прави склекови - 15 годишно момче падна од мост

15 годишно момче утрово паднало од мост во центарот на Белград, јавуваат локалните медиуми. До несреќата дошло кога момчето, инаку ученик во блиското средно училиште, правел склекови во просторот меѓу двете коловозни ленти кои физички се одвоени. Во еден момент загубил контрола и паднал од висина од 10 метри на бетонскиот темел на мостот.
Веднаш бил пренесен во болница а според неофицијалните информации, се наоѓа надвор од животна опасност.

 
 
27.10.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега