Голема тага во семејството – по седум дена во кома почина 8-годишното детенце

8-годишно дете, кое минатата сабота падна во кома, бидејќи според неофицијални информации се обидел да се обеси во вецето на својата куќа, почина денес во ужичката болница.

Цели седум дена детето било под надзор на лекарите во одделот на интензивна нега, но и покрај сите напори и внимание на докторите немало спас.

Околностите под кои несреќното дете наводно се врзало со врвца околу вратот и паднало длабоко во кома, сеуште не се познати, српски “Блиц“ дознава дека полицијата го води случајот. Тоа што е за сега познато е дека детето во без свесна состојба е пронајдено во вецето па родителите ја алармирале брзата помош.

Вест за трагедијата ги шокираше сите бидејќи соседите и луѓето од тоа место го познавале малиот како добро и воспитано дете. Но, официјални информации сеуште нема, тоа ќе се знае по обдукцијата на телото.

 

 

 
 
23.10.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега