Сале Мутави изрешетан со 60 куршуми

Еден уапсен кој се сомничи дека помагал во убиството на водичот на навивачите на Партизан, Александар Станковиќ (29) е досегашниот биланс на полицијата во Србија. Властите во земјата најавија дека почнуваат битка против мафијата, која без проблеми пука и убива на сред улица. 

Станковиќ кој беше познат како Сале Мутави, беше убиен во својот автомобил. Според полицијата, убиството било добро организирано и се чекало вистински момент да се нападне. Се претпоставува дека во убиството учествувале членови на озогласената банда „Пинк Пантер“, како и еден сопственик на теретана. Токму тој бил познат како дел од црногорската мафија.

Истрагата покажува дека Станковиќ постојано бил следен. Кобната вечер бил во вежбална, заедно со двајца свои пријатели. По вежбањето, сите тројца решиле да седнат во локалното кафуле, кое било во непосредна близина на Централниот Затвор во Белград. 

Откако го напуштиле локалот, Сале Мутави заминал кон својот автомобил Ауди А6. Во тој момент, возило од марката „БМВ“ се доближило и започнало рафално пукање. Станковиќ кој бил навозачкото седиште немал шанси да се спаси. Во нападот бил повреден и негвоиот пријател, кој се нашол во близина. 

Веднаш по нападот „БМВ“ со голема брзина се одалечило од местото на убиството. Напаѓачите потоа го напуштиле возилото, го запалиле и потоа со друг автомобил успеале да избегаат. Полициската истрага утврдила дека во нападот биле испукани дури 60 куршуми, кои на крајот беа кобни за водичот на Партизан, Сале Мутави. 

Станковиќ уште пред неколку години бил апсен поради нелегално продавање на дрога. Се верува дека тој и до последниот ден бил во тој бизнис. Затоа како еден од главните мотиви за убиството е токму бизнисот со дрогата. Втора опција за ликвидацијата е несогласувањето на Сале Мутави со еден многу влијателен фудбалски менаџер. Дали тие двајца биле скарани поради некои трансфери или влијанието кое го имаат во Партизан, дополнително се истражува, но и тоа е како една од сомнежи за убиството на Станковиќ.

 

 

 
 
15.10.2016 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега