Очајни родители: Беше страшно, како одново да ни умираше синот

Милан Никодиновиќ, татко на малиот Раденко од Лозница кој почина од сепса после скршеница на рака, дал изјава во полицијата во Лозница. 

Таткото на починатото момче вели дека испитувањето било детално и дека доста долго време траело, но тоа го разбира бидејќи станува збор за процедура која мора да се испочитува. 

- Се што кажав пред медиумите го кажав и таму. Ме испрашуваа за целиот тек на случувањата од самиот почеток до крај. Се интересираа за секоја ситница, од несреќата на топоганот па се до ркај. Жена ми и јас заедно бевме таму, но посебно дававме изјави. Едноставно таа е процедурата која мора да се мине бидејќи секоја ситница е од голема важност за судијата, рекол таткото за српски Курир. 

Тој наведува дека му било многу тешко што морал да минува повторно низ тоа, но ги разбира инспекторите. 

- МИ беше тешко... Три ипол часа ме испрашуваа. Навистина се изморив и едвај издржав. Цел предмет е предаден на обвинителството во Лозница, а сега ги чекаме налазите од обдукцијата па ќе видиме што ќе биде понатаму, изјавил таткото. 

 

 
 
15.10.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега