Пред изборите: Премиерот најави можна оставка на Владата во Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата Влада ќе поднесе оставка доколку кандидатот на партијата од десниот центар ГЕРБ изгуби во првиот круг од претседателските избори, закажани за слендиот месец.

- Доколку ГЕРБ изгуби во првиот круг, истата вечер ќе поднесеме оставка, затоа што во тој случај партиите стануваат исклучително натпреварувачки, потенцира Борисов.

Втор круг гласање ќе биде одржан доколку во првиот круг ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто гласови на претседателските избори, закажани за 6 ноември.

Во трката за претседател на Бугарија учествуваат повеќе од десет кандидати. Според изјавите на политичките аналитичари, кандидатот на ГЕРБ е фаворит, а на второ место е кандидатот на социјалистите.

 
 
03.10.2016 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега