И тоа го има на Балканот: Го терале да им направи кафе, а потоа сакале да му ја запалат куќата и автомобилот поради 150 евра

Нишката полиција ги уапси 31 годишниот М.П и 19 годишниот С.К. од Алексинац поради сомнение дека на едно лице од Ниш пробале да му изнудат 150 евра заканувајќи му се дека ќе му ја запалат куќата и колата.

Како што соошти нишката полиција, тие вчера во Ниш се сретнале со оштетениот, му се заканувале и му барале пари, па вечерта отишле во неговата куќа и почнале да го малтретираат. Благодарение на ефикасната акција на полицијата која стигнала пред да му биде наштетено, двајцата се фатени на дело и спроведени во притвор.

Како што дознаваат медиумите во Србија, против М.П. веќе се води кривична постапка поради изнуда, чија жртва бил истиот човек.

Изнудувачот оштетениот го нашол во една кафеана и веднаш почнал да му се заканува. Барал од него да го смени исказот како би избегнал кривично гонење, но тоа не му било доволно туку побарал и 150 евра.

„Оштетениот успеал некако да се извлече но не смеел до вечерта да оди во својата куќа, затоа што се плашал дека ќе го најде таму, што и се случило. Околу 20 часот М.П. со својот пријател С.К. влегол во куќата на својата жртва. Од него барале да им направи и кафе и донесе пијачка, додека цело време му се заканувале дека ќе му запалат се што има ако не им даде пари. Тој им дал 40 евра колку што имал, што на нив не им било доволно и продолжиле со заканите.“, велат извори од истрагата.

Меѓутоа, благодарение на ефикасната работа, полицијата ги лоцирала изнудувачите и ги фатила во домот на жртвата.

Кога ја виделе полицијата, му се заканиле на оштетените да каже дека му се пријатели и дека не го малтретиле, но тоа не им поминало и завршиле зад решетки.

 
 
01.10.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега