Трагедија: Почина познатата одбојкарка

25-годишната Дејана Лудошки, инаку поранешна српска одбојкарка, во понеделникот загина во сообраќајна несреќа во американскиот град Гленвил, нејзиното тело ќе пристигне во родната држава следната недела. Телото ќе го преземе нејзината мајка Маја.

Колегите на Дејана од колеџот организирале акција за собирање пари.

„Сите ургираа детето да ми се врати дома и ете Деки стигнува… Ја чекам, се надевам брзо ќе дојде. Им благодарам на сите нејзини другари од Америка и Србија што ми помогнаа, затоа што во ваква состојба не би го издржала патот“, низ солзи вели мајката на Дејана.

Неутешната жена објаснува дека за трагедијата слушнала од пријателките на Дејана од Америка.

Дејана заминала во Америка во 2010 година, каде играла одбојка во училишниот тим. Кариерата ја почнала во белградскиот клуб ОК Обилиќ.

 
 
29.09.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега