ВИДЕО: Силувач скокнал во река полна крокодили - полицијата ја прекинала потрагата

На овој начин полицијата ја оправдала својата одлука дека не можеле да продолжат со потерата по сексуалниот престапник кој скокнал во реката во Квинсленд во Австралија. Дваесет и петгодишниот Тајрон Спичли и една година постариот негов колега затвореник, побегнале од затворот во Таусвил во понеделникот. Тиерс е фатен ден подоцна, но Спичли скокнал во реката и така побегнал од полицијата, која одлучила да не влезе во водата. 

Познато е дека реката има крокодили и прилично длабоки делови, а со опремата која ја имале во тој момент, постоела можност да ги изгубат или оштетат своите пиштоли и радио станици. Затворениците носеле опрема за ЏПС пратење, но некако успеале да ја тргнат и да побегнат.

 

 

најчитано сега