Забрана за тешки товарни возила на патот Гостивар-Кичево

Возила кои се потешки од седум тони не можат да минуваат по мостот кај селото Сретково во близина на превојот Стража бидејќи на овој дел од магистралниот пат Гостивар-Кичево има оштетувањето кое се појавило на средината од мостот.

Во средата, А.Б. од Зајас додека управувал со „Фиат-пунто“ доживел непријатност и го оштетил возилото откако минувајќи по мостот едното тркало му пропаднало во дупката. По пријавата преземени се мерки за безбедност во сообраќајот на оваа магистрала, а тешките товарни возила се пренасочуваат кон други правци.

ФОТО:МИА

 

најчитано сега