ВИДЕО: Тетоважи на иднината што ќе ги содржат сите ваши лични податоци

Тетоважите наскоро би можеле да станат повеќе од естетски украс на телото. Тоа пред се се однесува на тетоважите што планира да ги прави компанијата „Хаотик Мун“.

Нивните т.н. „тенолошки тетоважи“ делуваат многу футуристичк. Направени се од посебно мастило кое пренесува електрична енергија и содржи сензори и микрочипови, пишува „Медикал Дејли“.

Според весник, сензорите и микрочиповите се неопходни бидејќи намената на овие тетоважи е да чуваат инфроамции за вашите лични податоци, како што се пример, податоци за кредитните картички.

- Носиме паричници со себе, а тие се толку несигурни. Со технолошката тетоважа можете да ги носите сите податоци на својата кожа и кога ќе ви треба кредина картичка или лична карта, едноставно ги „извлекувате“ од вас, објаснува Ерик Шнајдер, еден од програмерите во „Хаотик Мун“.

Шнајдер тврди дека постојат уште многу потенцијални намени на оваа технологија, како што е следње на состојбата на човековиот организам и испраќање на сите сомнителни здравствени податоци до лекарите, со што не би требало да се оди на прегледи во ординација.

Сепак, компанијата не ги споменува можните ризици на таквата технологија. Кражбите на податоци од кредитните картички, паметните телефони, компјутерите или кој било друг уред на модерната технологија не се реткост.

Затоа веројатно нема да помине многу време пред хакерите да пронајдат начин како да „соберат“ се што им треба од вашата тетоважа. Можеби и полесно отколку да ви го украдат паричникот.

 
 
08.02.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа