Маж од Гостивар се самоуби скокајќи во Вардар

Безживотно тело на неидетификуван маж на возраст од триесет до четириесет години е најдено во водите на Вардар кај гостиварското село Балиндол.

Според првичните сознанија, непознатиот маж се фрлил во водите на Вардар, во близина на мостот кај Основниот суд-Гостивар утрово во 10 часот и 30 минути.

Телото ќе биде предадено на обдукција.

најчитано сега