Кина разви автомобил кој се управува со мислите

Тимот на кинески научници разви автомобил кој е можно да се управува со мисли.

Научниците од Универзитетот Нанкаи во градот Тианјин, две годни работеле на својот проект, а резултат е автомобил кој возачот го управува со своите мисли.

Развојот на автомобилот го следел професорот Дуан Фенг, а се работи за СУВ возилото „Хавал“. Управувањето го овозможуваат 16 сензори, кои детектираат ЕЕГ сигнали од мозокот на човекот и ги испраќаат по безжичен пат на компјутер.

Целта на овој проект, пред се е да им се овозможи на луѓето со инвалидитет да ги користат автомобилите.

Прототипот моментално може да се движи само напред, а засега нема планови за сериско производство.

 
 
11.12.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега