ВИДЕО: Овој човек успеа од смогот да создаде цигла

Жител на кинескиот град Шенджена направи цигла од смок кој ја закупи во Пекинг, јавува кинескиот весник „Женмин жибао“.

За да направи една цигла, мажот со надимак Нат Бразер, спроведе во кинеската престолнина 100 дена.

Користејќи индустриска правосмукалка Кинезот собрал прашина од воздух на најпрометните локации, како Тјенанмен, најголемиот плоштад на светот и стадионот „Птичјо гнездо“.

За четири дена собрал онолку прашина колку што секојдневно „конзумираат“ 62 жители на Пекинг.

Откакоја собрал неопходната количина прашина, Кинезот со помош на машина за брикети направил „цигла“ која според неговите зборови можела да се користи во градежништвото.

Нат Бразер наведе дека ваквата идеја дошол во 2013 година, кога локалните медиуми пишуваа за големата загаденост на воздухот во Пекинг. На тој начин мажот сакал да привлече внимание на овој проблем.
„Доколку и понатаму ги трошиме ресурсите и самите ќе станеме прашина“ порачува тој.

 

 
 
02.12.2015 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега