Царнајев бил невооружан кога полицијата го уапсила

Две официјални лица од американската влада велат дека еден од двајцата осомничени за бомбата поставена на Бостонскиот маратон, Џохар Царнајев, бил невооружен во моментот кога полицијата го уапсила во чамецот во соседството Вотертаун во Бостон минатиот викенд. Надлежните првобитно изјавиле дека сега обвинетиот вратил со огнено оружје, со силите на редот повеќе од еден час, пред да биде уапсен. Надлежните кои сакаат да останат анонимни, поради тоа што немаат дозвола од своите надредени, да зборуваат пред медиумите, велат дека истражителите откриле 9 милиметарски рачен пиштол кој се верува дека му припаѓал на Тамарлани Царнајев, на местото каде што е убиен полицаецот ноќта кога почнала потерата за Чеченците. Наводно, Џохар бил ранет пред да побегне. Тие велат дека пиштолот ниту какво друго оружје не се наоѓале во чамецот. 

 

најчитано сега