ВИДЕО: Златна рипка инвалид плива со појас за спасување

Кога златната рипка Ајнштајн се разболела, иднината не делувала убаво. Еден ден се превртела на грб и потонала на дното на аквариумот. Тогаш сопственикот и направил мал појас за спасување. „Пливачкиот оклоп“, направен од рециклирани цевки кои совршено го покриле телото на рипката и овозможиле повторно да плива нормално.

- Ајншатјн е болен веќе две години. Отсекогаш беше борец, па кога еден ден потона на дното и не можеше да се крене, беше тажно да се гледа. Ми се скрши срцето. Изгледаше така депресивно, вели Нејлор.

Тогаш почнал решението да го бара на Интернет.

- Видов една слика каде некој закали пампур на рипката, но тоа ми делуваше болно. Сакав да направм нешто што ќе му помогне на Ајнштајн да ги движи перките и да му биде удобно, раскажува Најлор.

Нејлор три часа правел помошна „јакна“, од која Ајнштајн не бил воодушевен во почетокот, но сега се навикнал. Затоа што не може да исплива на површината, рипката зема храна која Лејтон му ја дава низ цевче.

- Луѓето велат дека сум луд, но секое животно е вреден член на семејството и ќе дадам се од себе да му помогнам. Ајнштајн го научив на многу трикови, да ми плива низ прсти и низ обрач, а пред да се разболи почнавме да вежбаме рибји фудбал. Луѓето не ги сметаат златните риби за вредни миленичиња, но тоа се многу паметни животни, рече Нејлор. 

најчитано сега