ВИДЕО: Моника Белучи и Даниел Крег разменуваат страсни бакнежи

Најновото продолжение на филмот за тајниот агент Џејмс Бонд, светската публика премиерно ќе може да го види на 6 ноември додека во новите авантури на агентот 007 британската публика ќе може да ужива веќе на 26 октомври.

Во најновиот видео спот на тематската песна за филмот „Spectre“, Моника Белучи и Даниел Крег разменуваат жешки бакнежи.

Британскиот актер Даниел Крег по четврти пат се најде во улогата на најпознатиот таен агент на светот додека најголемиот непријател на Џејмс Бонд и шефот на криминалната организација „Spectre“ ќе го игра Кристоф Волц.

Режисерот Сем Мендез ја потпишува режијата и на ова продолжение, додека улогеите им се доверени и на италијанската филмска дива Моника Белучи, на Французинката Леа Сејду, на Рајлф Фајнс , додека насловната нумера за филмот ја испеа британскиот пејач Сем Смит.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега