Само 10 % од луѓето можат да ја решат оваа задача, дали сте вие меѓу нив?

Дали ќе успеете да ја решите оваа загатка и со тоа да се вброите во само 10 проценти од сите оние кои се обиделе да решат и погодиле?

Внимателно читајте ја приказната, разгледајте ја сликата и најдете го одговорот.

Непознат човек киднапирал 4 лица кои подоцна се разбудиле закопани во песок до глава. Секој има шешир. Лицата А и Ц имаат црн, а лицата Б и Д имаат бел шешир.

Сите ја знаат својата позиција како и позицијата на другите личности, но не ја знаат комбинацијата на шеширите.

Помеѓу лицата А и Б има поставено ѕид.

Што значи, лицето Д ги гледа Б и Ц пред себе, а А е зад ѕидот.

Лицето Ц го гледа лицето Б пред себе и знае дека лицето А е зад ѕидот, а и дека лицето Д е зад него.

Лицето Б гледа само ѕид, но знае дека А е зад ѕидот, како и Ц и Д дека се зад него.

Лицето А гледа само ѕид и знае дека Б, Ц и Д се на другата страна.

Човекот кој ги киднапирал им ја дал следнава задача: Ако некој ја погоди точната боја на шеширот е слободен. Сепак, ако некој ја погреши бојата на шеширот, сите ќе настрадаат.

4-те лица не смее меѓусебно да комуницираат, ниту да ги вртат главите.

Што мислите? Која од овие 4 личности може да биде сигурна која боја на шешир ја има на главата? И најважното - како го знае тоа?

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега