Аца Лукас и Соња ја откриваат вистинската причина за кавгата

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ ја изненадија јавноста кога пред неколку месеци соопштија дека се разведуваат. После неколку месеци оддалеченост си дадоа втора шанса.

Овој пар е прв што јавно проговори за причините за кавгите, па еве како ја објаснаа ситуацијата за српските медиуми:

„Ние постојано се расправаме и се смируваме, само што овој пат тоа се подигна на повисоко ниво. Не знам што поточно да кажам. Веројатно станува збор за презаситеност. Чудни се патиштата господови, а со Аца уште почудни. Не сум сеуште спремна да го следам во се, поготово ако пред се не се договарал со мене. Тоа се коси со мојата теорија за бракот“, изјави Соња, а Аца се надоврзува:

„Во секој брак или врска има разидувања и тоа е нормално. Често се судираат мислењата помеѓу мажот и жената. Единствена работа која може да раздели двајца е изневерувањето, кое во нашиот случај не постои. Подетално нашата кавга не би ја коментирал, но сакам да кажам дека двајцата сфативме дека сакаме да бидеме заедно, бидејќи имаме две деца“.

Како главна причина за нивната расправија, Соња наведува дека е честото отсуство на Аца Лукас од дома и кажува дека не се мажила за да биде сама во бракот.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега