Пејачката не ја покани својата љубов на роденден за да се „крши“ на музиката на бившиот?!

Рада Манојловиќ го прослави 30 роденден во родниот град Пожаревац. Пејачката била весела, се поздравувала со сите гости, со препорака дека мораат да ја пробаат сармата.

Не е тоа најинтересниот дел.

На нејзиниот роденден покрај бројните пријатели, не присуствувало нејзиното момче Момир Гајиќ.

„Момир и јас имаме отворена и опуштена врска. Кај нас дозволено е се. Тој не дојде бидјеќи така се договоривме“, изјави Рада за српските медиуми.

Нејзиното поранешно момче Милан Станковиќ имал посебна порака за неа.

„Ми посака да бидам добра и паметна. Ми рече дека сега сум стара кобила и дека мора да внимавам што правам“, откри пејачката која цела вечер играла на музика од Милан.

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега