Александар Белов прозборе за неговата Јелена

Нашиот пејач Александар Белов за Вечер.мк си ја отвори душата и прозборе за неговата Јелена. Имено, тој е веќе повеќе од година дена  во врска со Србинката Јелена и вели дека далечината не му преставува проблем бидејќи љубовата е голема и кога се сака се се може. 

- Далечината во денешно време, со оваа напредна технологија и не претставува некаков проблем, 350 км е како од Берово до Охрид, само што овде разликата е две различни држави. Ако љубовта е голема, не постојат никакви проблеми. Засега функционираме одлично и немаме никаков проблем", откри пејачот, кој вели дека се уште не размислува за свадба затоа што смета дека му е рано да се збогува со ергенскиот живот.

Ќе се женам на 33 години и сега - засега не размислувам за тоа, убаво ми е вака, но нели велат дека во животот ништо не можеш да планираш, но јас ќе се потрудам мојот став да го реализирам", додаде Белов за Вечер. 

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега