Се одбележува Денот на високото образование на УКИМ

Денеска се одбележува денот на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

- Позитивна работа на Болоња која е препознатлив знак на самиот систем е проодноста или мобилноста што тој ја нуди, односно можноста за студирање на еден универзитет и префрлање на друг, препознавање на студските програми и предметите. Многу е важно да биде зачувана таа проодност, со цел студентите да ги користат  бенефитите во иднина. Слабостите кои се покажаа, како прашањето дали Болоња нуди доволно квалитет од аспект на стекнување знаење на студентите, тоа не треба да се отвора само во контекст на Болоња, туку постојано и од аспект на нашиот образовен систем. Реформата што ја спроведуваме во тој дел ќе ги даде своите резултати, изјави министерот Кралев, кој заедно со ректорот на УКИМ Велимир Стојковски ги посети штандовите на универзитетскиот кампус.

Според директива на Европската унија, посебни услови за студирање и за дипломирање во рамки на Болоњскиот процес важат за регулираните професии. Тие треба да бидат препознатливи и регулирани со посебен закон, за дипломираните да можат да работат во друга држава, не само во онаа каде што ја стекнале дипломата.

- Придобивка на овој систем е токму усогласување на регулираните професии, каде што спаѓаат медицината, стоматологијата, ветерината, градежништвото, на ниво на Европската унија. Со помош на овој систем и со одделени проекти се изготви рамка на квалификации, што значи дека сите студенти кои студираат по Болоњскиот систем, покрај дипломата добиваат и додаток на дипломата со кој ќе бидат препознатливи на пазарот на трудот во Европа, рече Стојковски.

ФОТО:Факултети

најчитано сега