Слаткаристика вечерва го отвора Пиво Фест во Прилеп

Слаткаристика вечерва заедно со својот бенд ја имаат честта да го отворат Прилепскиот фестивал на пивото.

  Настапот на Слаткаристика започнува во 20:30 часот. Како и досегашните концертни настапи, и овој е дел од големата летна турнеја на Слаткаристика - EnergiS Tour.

   Од неодамна тојго издаде својот нов сингл “Оф Мори Мајко“, проект реализиран заедно со Балканистан, а песната наиде на многу пофални критики и одлична гледаност преку социјалните мрежи за доста кратко време.

  Посетителите на Прилепскиот Пиво Фест денес ќе имаат можност да уживат и да бидат дел од настапот на Слаткаристика, а во продолжение Ви го нудиме ново излезениот негов сингл “Оф Мори Мајко“.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега