Не можете да ја задоволите во креветот? Еве што треба да направите

Истражувањата покажуваат дека дури една третина од жените никогаш не доживеала оргазам, додека добар ел од останатите тоа им се случува многу ретко. Вината е подеднакво кај нив и нивните партнери. Со овие тричекори, кои може да ги направи секој маж, сексуалниот врв на партнерката е речиси гарантиран. Останува уше нејзиниот дел од „работата“.

Чекор 1: Опуштање

Статистиката покажува дека само 11% од жените доживуваат оргазам при првиот секс со партнерот, за разлика од 67% од жените кои тоа го постигнуваат после шест месеци врска. Овој податок не ги чуди сексолозите кои тврдат дека за доживување на женски оргазам, најважен е нивниот мозок, односно нивото на опуштеност кое го чувствуваат кон партнерот.

Повеќето жени имаат некој вид комплекс поврзан со телото, поради кој не можат да се опуштат во спалната соба. Затоа е важно да се „разоружи” жената со искрени комплименти и воодушевување кон нејзиното тело.

Ако жената инсистира на изгасени светла, послушајте ја нејзината желба, затоа што така ќе се чувствува заштитена и сигурна. Долга предигра со многу допири и бакнување исто така ќе помогне, а напнатоста ќе исчезне ако заведувањето го започнете со долга масажа на целото тело.

Чекор 2: Притискање на вистинските „копчиња”

Дури 67% од жените признаваат дека барем еднаш во животот лажирале оргазам. Притоа 78% од жените тоа го направиле за да го избегнат разочарувањето од партнерот, 47% затоа што сакале да го „усреќат” партнерот, а 25% затоа што партнерот не знаел што прави.

Познавањето на женското тело е императив во задоволувањето. Затоа, сексолозите ги поттикнуваат жените сами да откриваат работи кои ги „палат” за време на мастурбирањето (и искрено да им ги признаат тие работи на своите партнери), а мажите се поттикнуваат самостојно да ги истражат тие „копчиња” на задоволство за време на предиграта.

Женските ерогени зони се протегаат од вратот и тилот преку градите до внатрешните страни на бедрата се’ до ножните прсти, а копчињата се „активираат” со нежни допири, лижење, грицкање и слично.

Чекор 3: „Манипулација” на клиторисот

Факт 1: Повеќето жени не можат да добијат оргазам само со пенетрација.
Факт 2: Во женскиот клиторис се наоѓаат дури 8.000 нервни завршетоци.
Адекватната стимулација на клиторисот е најдобар и наједноставен пат до женскиот оргазам.

Ова анатомско „копче” е вистинско жешко задоволство ако знаете да го „манипулирате” на соодветен начин. Иако големината и обликот на клиторисот се разликува од жена до жена, повеќето од нив уживаат во кружни потези со прсти и јазик, кои завршуваат во горниот лев дел од „копчето”.

Жестокото прободување на јазикот по средината од клиторисот не е пријатна појава и нема да ја доведе жената до брзо задоволство. Експертите наместо тоа препорачуваат нежно истражување на женските гениталии.

Пред сè, најважно е да се бираат сексуални пози во кои клиторисот е „на дофат на раката”, односно пози кои овозможуваат паралелна стимулација на женските ерогени точки.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега