ФОТО: Запознајте го Абумби II - кралот кој има 100 сопруги

Абумби II е единаесетти крал на Бафут, кралство на северот на Камерун, а има околу 100 жени.

На почетокот не биле сите негови, но според локалната традиција, кога еден крал (фон)  ќе умре, неговиот наследник ги наследува сите негови жени, а може да се ожени и со колку сака свои кралици.

- Кралиците имаат голема улога во кралството. Според нашата традиција, кога станувате крал, жените на претходникот стануваат ваши односно остануваат за да ја пренесат традицијата на помладите сопруги и да го научат новиот крал на традициите бидејќи тој дотогаш бил принц, а не крал - вели третата сопруга на Абумби, кралицата Констанс.

И покрај фактот што полигамијата е легална во Камерун, податоците покажуваат дека нема многу полигамни бракови во Африка. Практиката е предизвикана од промената на вредностите во кои веруваат луѓето, продорот на Христијанството, обидот да се копира западниот начин на живот но и поголемите трошоци во семејствата со повеќе жени.

- За време на колонијализмот нашите традиционални вредности се судрија со новите и затоа има постојан конфликт меѓу традиционалните вредности и модерните западни вредности - признава Фон Абумби II, кој владее со Бафут, најголемото кралство во регионот, веќе 47 години.

- Мојата улога е да најдам начин луѓето да уживаат во придобивките од развојот и модерното време но да не ја уништат својата култура. без култура не сме луѓе туку животни - вели тој.

Иако полигамијата се критикува на запад, некои сметаат дека тоа е вредна традиција која треба да се зачува.

Новинарката на  CNN Сони Мету вели:

- Разбирам дека ние би можеле да избрзаме и да го осудиме начинот на  живот на кралот, но исто како во Обединетото Кралство, Африканските кралства и кралеви се свртени кон богатата култура и историја. Наследството на сопругите од својот татко е морална обврска, ништо друго!

Сони забележува дека младите сопруги на кралевите се модерни и образовани. За некои од сопругите на Фон Ндофуа Зофоа трети од Бабунго - еден од најмладите кралеви во Камерун, таа вели:

- Сите негови млади сопруги кои морале да се омажат со него поради традицијата зборуваат англиски и француски јазик.

Сето ова создава впечаток дека животот во кралството е фасцинантен но и збунувачки. Дали луѓето се заглавени во минатото и  традицијата или се обидуваат да фатат чекот со сегашноста. Фон Зофоа смета дека не мора да се избира. Тој наследил 72 жени и повеќе од 500 деца по смртта на татко му, но себеси се смета за многу модерен крал.

- Да се раководи со кралство денеска, во оваа ера, значи дека мора да бидете образован, бидејќи работите бргу се движат напред. Како што велат, знаењето е светлина а незнаењето темнина - вели кралот.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега