Нема да верувате какви барања имаше Роби Вилијамс

По Лејди Гага во Белград дојде уште една светска ѕвезда. Меѓутоа, за разлика од русокостата пејачка, која во Србија дојде приватно, Роби Вилијамс ќе се дружи со публиката на вечерашниот концерт на Ушче.

Српски „Ало“ дојде до рајдер - листата на пејачот и тоа што можеме да го заклучиме е дека Роби е скромен и само сака организаторите да ги испочитуваат неговите ритуали пред да излезе на сцена.

- Тој не сакаше неговото слетување со приватниот авион да биде пропратено со врисоци на фановите и блицовите на фотоапаратите, па така во придружба на телохранителите излезе на ВИП излезот. Веднаш отиде во хотел во центарот на Белград каде за него е резервиран најлуксузниот апартман, раскажува извор упатен во целата организација.

Вака изгледа скромната листа на пејачот:

-Луксузно сместување за 120 луѓе кои доаѓаат со него

-Масажа и крвав бифтек пред настап

-Свежо овошје и многу вода за време на концертот

-Без папараци кога ќе одлучи да го напушти хотелот

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега