СКАНДАЛ: Ирина Шаек во врска со Сеп Блатер?!

Светската јавност е шокирана откако се појавија информации дека Ирина Шаек е во врска со доскорешниот претседател на ФИФА.

Шокантната вест доаѓа од страна на шпанските медиуми, а таа гласи дека Ирина Шаек, поранешната девојка на Кристијано Роналдо имала афера, ни помалку ни повеќе, туку со со доскорешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Прекрасната руска манекенка, наводно, е една од оние кои паднаа на шармот на 77 годишниот Швајцарец кој е познат по своите освојувачки способности. Според непотврдени информации тие двајца биле заедно, но нејасно е дали стапиле во интимна врска додека таа се уште била во врска со ѕвездата на Реал Мадрид.

Блатер е познат по својот бурен љубовен живот. На доделувањето на „Златната топка“ се појави во друштво на мажената Линда Барас која е 28 години помлада од него и која ја претстави како негова девојка. Покрај неа, на шармот на Швајцарецот паднаа и поранешната тенисерка Илона Богушка со која беше во врска додека се уште беше во брак со својата трета жена Грациела Бјанко.

Светската јавност е шокирана со овие нови информации кои се појавија, а на сите им доаѓа на памет само едно прашање, како згодната Ирина можела да се сплетка со човекот кој може да и биде дедо и тоа додека е во врска со еден од најпосакуваните мажи во светот.

Пред неколку дена Сеп Блатер поднесе оставка од претседателската функција во ФИФА, поради скандалот со корупција.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега