Сцената ќе блесне - вечерва финале на Макфест

Во Штип се одржа второто полуфинале од јубилејно триесетто издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест, каде беа изведени 15 композиции, од кои само девет се пласираа во финалето, а за тоа одлучуваше стручно жири, чии гласови изнесуваа 70% од вкупните поени, како и телефонското гласање на публиката, која учествуваше со 30%.

За пласман во финалето втората вечер се бореа Даниел Данн, Александра Михова, Александра Андова, Лена Заткоска, Панче Илиев и Иле Кикиритков, Марјан Стојановски, Бојана Атанасовска, Ивана Наумова, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Наде Талевска, Зоран Илиев, Наташа Малинкова, „Браво бенд“, Горан Наумовски и Дарко Илиевски.

Од нив, Бојана Атанасовска, Зоран Илиев, Панче Илиев и Илија Кикиритков, Ивона Јовановиќ и Рафинерија, Горан Наумовски,  Александра Андонова,  Наде Талевска, Наташа Малинкова и Дарко Илиевски кои беа избрани вчера, ќе се борат со Маја Вукичевиќ, Игор Митровиќ, Евгенија Чанчалова, Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Таневски, Александра Кукушев, Верица Пандиловска, Виктор Апостоловски и Огнен Здравковски вечерва.

Вечерва ќе бидат отпеани вкупно 18 композиции.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега