Зорица Брунцлик раскажува за големата семејна трагедија

Популарната пејачка Зорица Брунцлиќ за прв пат говори за тоа колку ја погодила смртта на нејзината мајка Злата, која светот го напуштила пред 30 години. 

Имено, на пејачката тогаш и било многу тешко па поради стресот и паднала косата, а поради љубовта спрема нејзината мјака на својата ќерка и го дала името Злата. 

Зорица се присетува како два месеци рабиотела само за да и купи на својата мајка скапоцен прстен кое во тоа време видела.

- Долго време го гледав и си ветив себе си дека на мајка ми ќе и го купам прстенот кога ќе можам. Таа никогаш ништо немаше освен нас и никогаш не добиваше поклони. Работеше во циглана и кога се враќаше дома беше целата валкана што дури и луѓето не сакаа да ја поздравуваат. Кога станав позната на мајка ми сите и приоѓаа и ја поздравуваа, а јас тогаш и го купив скапоцениот прстен. Кога почина, ми го дадоа тој прстен, но јас им реков да го вратат и да ја погребаат со него. По нејзината смрт, од преголемиот стрес ми падна косата, но ја родив мојата ќерка по таа трагедија и на мојата ќерка и го дадовме името по мојата мајка Злата, раскажувала Зорица. 

 

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега