Наташа Беквалац го исфрли сопругот од станот?

Се започна идилично, а Наташа Беквалац се фалеше дека го пронашла човекот на својот живот, ракометарот Љуба Јовановиќ. Сепак пејачката и ракометарот почнале жестоко да се расправаат, а таа дури го исфрлила сопругот од станот на Дедиње во кој живееја заед

Наташа беше сигурна дека конечно го пронајде вистинскиот маж за себе. Но во последно време Љуба почна да покажува друго лице, често и држи предавања, а Наташа не го трпи тоа, откри извор близок на пејачката.

Во еден од тие моменти на Наташа и пукнал филмот и му рекла на Љуба да ги собере своите работи и да го напушти станот. Тој живее кај неа и на нејзина сметка, па уште се осмелува да и држи предавања, додаде изворот.

Љуба се исплашил дека оваа одлука на Наташа би можела да биде конечна, па повикал еден близок пријател да ја моли пејачката да се смират. Таа сепак останала глува за тоа. Но со оглед на нејзиниот бурен темперамент можно е тоа да го направила во афект и наскоро повторно да се смират.

Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега