ФОТО: 32-годишна жена заспала, па се разбудила мислејќи дека има 15 години

Наоми Џејкобс, 32-годишна жена, заспала и кога се разбудила доживеала невиден шок – мислела дека има 15 години.

Таа легнала да спие и кога се разбудила доживеала шок – мислела дека е 1992 година и дека е тинејџерка.

Кога се видела во огледало не можела да им поверува на очите.

-Вреснав од страв и ужас, не можев да се препознаам, вели Наоми.

По оваа неверојатна случка таа не се сеќавала на ништо што се случило по 1992 година.

Не се сеќавала ни на сопствениот син, ниту на ниеден важен настан.

На почеток докторите не знаеле што се случува, но подоцна откриле дека станува збор за краткотрајна амнезија.

По поставената дијагноза, Наоми почнала да оди на терапии и разни предавања за да ги надомести изгубените години.

Денес таа е сосема закрепната и напиша книга за своето патешествие „Forgotten Girl“.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега