Три идентични близначки се омажија во исти ден

Рафаела, Рошел и Тагиана Бини се три близначки од јужен Бразил, па како и поголемиот дел од близнаците во светот, и тие делат исти навики, ист вкус и поглед кон светот.

Тие за себе нашле мажи кои личат еден на друг, па решиле и да се омажат во ист ден. На денот на свадбата тие облекле многу слични фустани, иста шминка, а имале и исти фризури, па им направиле мал проблем на нивните идни сопрузи кои едвај препознавале која е која.

Единственото нешто по што се разликувале, биле бидермаерите, па така малку им ја олесниле работата на Рафаел, Габриел и Едуардо.

Рафаел, кој се ожени со Рафаела, вели дека додека биле во врска, понекогаш сестрите намерно ги збунувале своите момчиња. – Особено тоа се случуваше на почетокот на врската. Еднаш правевме вечера, Рафаела беше покрај шпоретот, а Рошел која е на Габриел, покрај мијалникот. Додека зборувавме тие ги смениле местата и јас и пријдов на девојката покрај шпоретот и ја прегрнав – но бргу сфатив дека не е мојата. Но, сега велат дека такво нешто не може да им се случи.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега