Дајте и повеќе моќ на музиката со новите безжични преносливи звучници од Sony

Новите, преносливи безжични звучници од Сони ќе го направат пуштањето на вашите омилени песни уште полесно и подобро. Со нивниот компактен дизајн, новите звучнициСРС-Х11, СРС-Х33 и СРС-Х55 комбинираат моќен квалитет на звукот со безжично поврзување преку Блутут и НФЦ за да може да се поврзете со вашиот мобилен уред и да пуштите музика, па дури и да одговорите на повици.

soni.jpg500

Двата модели,СРС-Х33 и СРС-Х55 ја користат ЛДАЦ технологијата на Сони која овозможува пренос на 3 пати повеќе податоци за разлика од безжичната технологија која се користи во моментов. Дополнително, комбинацијата на Сони С-Мастер, ДСЕЕ иКлиарАудио+ технологиите го подобруваат басот и чистината за уште побогат и подобар квалитет на звукот.

Со димензии од 6 сантиметри, моделот СРС-Х11комбинира моќност од 10Всо два пасивни радијатори овозможувајќи богат и длабок бас. Доколку сакате повеќе, искористете ја функцијата за додавање на звучник и поврзете два СРС-Х11 уреди заедно за двојна моќност на звукот или пак стерео звук.

1soni.jpg500

Моделот СРС-Х33со моќност на звучникот од 20Всо два канали и два пасивни радијатори овозможува подлабока репродукција на басот за слободно да го засилите гласот на звучниците без никакво изобличување на звукот.

И двата модели, СРС-Х11 и СРС-Х33имаат батерии на полнење кои траат до 12 часа уживање во безжична музика.

2soni.jpg500

Моделот СРС-Х55достигнува едно целосно ново ниво на квалитет во однос на компактните звучници. Со 2.1 каналниот систем и двата пасивни радијатори, овој модел продуцира звук со моќност од 30В. Батеријата на овој звучникможе датрае до 10 часа

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега