TnT it market со нов продажен салон во ГТЦ

Компанијата TnT it marketофицијално го објави отварањето на својот нов продажен салон во ГТЦ. Од денес, сите потрошувачи ќе можат да го посетат на истото, добро познато место на приземје во Градски Трговски Центар, со тоа што ќе пронајдат модерен ИТ центар со уште повеќе квалитетни производи и компетентно опслужување од професионалната екипа на компанијата.

„- Отварањето на нашиот нов, проширен продажен салон во ГТЦ е уште еден чекор во успешниот пат кој со години го поминуваме. ТнТ ит маркет постои веќе 8 години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто на своите потрошувачи. Тие освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на прашањата кои ги имаат. Огромно задоволство ни е тоа што од денес ќе нудиме уште подобра услуга и производи во овој модерен продажен салон. А за сите кои се фанови на онлајн шопингот, ја нудиме можноста да ги купуваат најдобрите ИТ производи и преку нашиот веб сајт: http://tnt.net.mk.” изјави Бобан Тотовски – управител на TnT it market.

 

Освен тоа, г-дин Тотовски дополни дека сите потрошувачи кои денес и во периодот на Велигденските празници ќе го посетат новиот продажен салон на TnТ it market, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега