Кастратовиќ: Со ладни глави на реваншот во Будимпешта

 
Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ задоволна од убедливата победа против европскиот првак Ѓер изјави дека треба да се остане смирен и да не се создава атмосфера дека работата е веќе завршена.
 
- Реков уште претходно, така и останува сегаова е само прво полувреме. Вежбавме одбрана, работевме многу на тоа и се покажа решавачко. Горда сум на девојките што го сработија договореното. Останува да работиме малку повеќе во напад, на реализацијата. Видовме дека не се снајдовме најдобро кога ни ја сменија одбраната и ни се спротивставија со 5-1. Не се предаваме, шест разлика не е ни малку, не е ни многу, денеска може да се радуваме од утре со ладни глави се подготвуваме за реваншот во Ѓер, истакна Кастратовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
 
Таа упати благодарност до навивачите на „црвено-црнитре“ за кои рече дека имаат голем удел во овој резултат.
 
- Публиката и оваа пеколна атмосфера ги чекавме година дена и мислам дека без неа немаше да направиме шест разлика, додаде Кастратовиќ.
 
Вардар синоќа на домашен терен го совлада Ѓер со 24:18 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Реваншот е во Будимпешта следната сабота.
 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 10:03
Фото: 
охрид њуз

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега