ВИДЕО: Реал Мадрид – Барселона 3:0

Кралскиот клуб во претходните шест месеци ги ангажираше Одегард, Данило и Асенсио, играчи кои беа желба на Барселона.

]Реал Мадрид и Барселона не се ривали само на теренот за време на „Ел Класико“. Каталонскиот тим е на добар пат да го врати шампионскиот пехар на „Ноу Камп“, победи на „Ел Класико“, но надвор од теренот практично е нокаутиран.

Во изминативе шест месеци Реал Мадрид успеа да купи тројца млади играчи, кои подолго време ги следеше Барселона и која имаше намера да ги ангажира како дел од својата фудбалска иднина.

Последниот кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ е бекот Данило (23), кој од Порто беше купен за 31,5 милиони евра.

Претходно норвешкиот вундеркинд Мартин Одегард (16), исто така желба на Блауграна, потпиша шестгодишен договор со Реал, а истото се однесува и за Асенсио  (19) од Мајорка.

Данило

Мартин Одегард

Асенсио

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега