Ѓорческа во полуфинале во Шарм Ел Шеик

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Шарм Ел Шеик (тврда подлога) откако во четвртфиналето денеска во два сета ја победи Русинката Јулија Бризгалова.

Таа двата сета ги доби со 6:2 и 6:3 во гемови и утре во полуфиналето ќе игра против Јулија Терзиска од Бугарија (5.носител), која со 6:4 и 6:4 во гемови ја победи втората носителка Адријана Лекај од Хрватска.

Ѓорческа и Терзиска заедно настапуваат во игра на двојки и за влез во финалето ќе играат против грузиско-руската комбинација Болквадзе-Бризгалова.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега