Во недела 47-то издание на ИКАС 2015

Во недела во Спортскиот рекреативен центар Матка, ќе се одржат полуфиналните и финални трки во рамки на 47-от Илинденски кајак слалом ИКАС 2015. Полуфиналните и финалните трки ќе се одржуваат од 11 часот до 14:30 часот кога ќе бидат доделени медалите за најдобрите кајакари.

Квалификациите ќе се одржат утре од 11 часот, а вечер во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, во рамки на церемонијата за отворање на ИКАС 2015, ќе бидат доделени статуетки (награди) на долгогодишните соработници и најзаслужните кајакари.

На годинешново издание на ИКАС, што ќе се одржува викендов на кајак патеката во Матка се очекува учество на 150 натпреварувачи од 11 земји учеснички и тоа од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Грција, Турција, Украина, Казахстан, Литванија, Црна Гора и Бугарија.

 Натпреварите во машка конкуренција се во три категории К1, Ц1 и Ц2, додека во женска конкуренција во две категории К1 и Ц1.

Целта на Кајакарската федерација на Македонија е ова традиционално натпреварување да влезе во светската серија на бодување со што ИКАС би  прераснал во натпревар од светски рамки, а со тоа би се зголемил и бројот на учесници и посетители на Република Македонија.

Годинава за прв пат кајакарската федерација на Македонија во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт, под капа на светската кајакарска федерација, организира девелопмент камп во Македонија – Матка кој започна изминатава недела. На кампот учествуваат 7 држави со 30 учесници, предводени од  двајца македонски тренери Огнен Бражанаски и Атанас Николовски, а координатор на целиот камп е францускиот тренер Силван Леух. Целта на Кајакарската федерација на Македонија е со организирање вакви  настани  Матка да стане центар на кајакарскиот спорт во овој дел од Европа.

Град Скопје е традиционален покровител на ИКАС, па за таа намена од Буџетот за годинава издвои околу 180.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега