Тоти ќе го пропушти дуелот со Наполи

Ѕвездата на Рома, Франческо Тоти, ќе го пропушти саботниот дуел со Наполи во Серија А, кој може да биде пресуден кој тим ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.

Капитенот на „волчицата“ има повреда на мускулот и тренира под посебен режим.

 

Во Рома поради повреди не се целосно подготвени и Даглас Маикон, Сеиду Кеита, Кевин Стротман, а Жервињо сигурно нема да биде во составот поради повредата заработена во репрезентацијата на Бреготна Слоновата коска.

Римјаните имаат шест бодови предност во однос на Наполи и во случај на победа на „Олимпико“ ќе го откажат еден од конкурентите за втората позиција.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега